Поради штрајк на 17 февруари ќе биде затворен граничниот премин Евзони.
– Од колегите од Република Грција сме информирани дека поради штрајк на грчките цариници граничниот премин Евзони од 5 часот на 17.02.2021 до 8 часот на 18.02.2021 ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај – информира МВР.
Од таму известуваат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, е нормализиран од денеска.