Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) ги отфрли жалбите на тимот на Мерцедес поради наводно кршење на спортските прописи во моментот кога безбедносниот автомобил бил на патеката во завршницата од последната трка за Светското првенство во класата Формула 1 на која победи Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, освојувајќи ја тутулата.
Холанѓанецот во неверојатната трка стаса до победата одминувајќи го досегашниот светски првак Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес во последниот круг.
Мерцедес по трката вложи две жалби. Првата поради наводно крешење на членот 48.8 од Светскиот правилник кој вели „Возач не смее да престигне друг возач на патеката, вклучително и безбедносниот автомобил, пред да ја мине стартната линија откако безбедносниот автомобил ќе се врати во боксовите“.
Имено, од тимот на Хамилтон се жалеа дека Верстапен го минал Британитецот додека безбедносното возило било на патеката.
Втората жалба за однесуваше на одлуката на водството на трката да им дозволи на возачите кои заостануваа во последниот круг да дојдат директно зад Хамилтон да го престигнат Британецот при минувањето на безбедносниот автомобил, со што му се овозможило на Верстапен да дојде директно зад Британецот.
Меѓутоа, FIA го отфрли протестите на Мерцедес, па повеќе нема пречки во Ред Бул да ја прослават победата.
Со вистинска драма во неделата во Абу Даби завшри една од највозбудливте сезони во историјата на Светското првенство во Формула 1. Британиецот Хамилтон самоуверено возеше до рекордната осма титула, која на пет круга пред крајот страдаше болидот на Кнаѓанецот Николас Латифи од тимот на Вилијамс, поради што на патеката излезе безбедносното возило. Во тој момент Верстапен влезе во боксот и го стави најмекиот сет гуми, а на рестарот, кој беше означен во послеиот круг, без никакви проблеми го претекна Хамилтон кој трката ја заврши со истрошени гуми.
Верстапен ја прекина доминацијата на возачите на Мерцедес кои во континуитет ја освојуваа титулата од 2014 година и првпат во својаа кариера стана првак. Развојот на сезоната укажува дека Холанѓанецот апсолутно заслужено дојде до титукалта, но навивачите на Хамилтон и Мерцедес секако имаат поинакво мислење.