Ф1: Мекларен прв го претстави болидот за новата сезона

Тимот на Мекларен, актуелниот светски шампион во Формула 1 во конкуренција на конструктори, во четврток го претстави својот болид за новата сезона, кој ќе го возат актуелниот светски вицешампион во конкуренција на возачи, 25-годишниот Британец Ландо Норис и 23-годишниот Австралиец Оскар Пјастри.

Норис прв извозе неколку круга на патеката Силверстоун, а потоа истото го направи и Пјастра.

Следниот вторник во Лондон ќе се одржи официјалното претставување на сите Ф1 тимови.

„Тимот работеше исклучително напорно за да се подготви што е можно подобро за почетокот на сезоната“, рече директорот Андреа Стела, додавајќи: „Од нашите минатогодишни битки научивме многу што ќе ни бидат корисни во остварувањето на нашата цел за оваа година“.

Ландо Норис, кој минатата година заврши на второто место во генералниот пласман зад Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул, и Австралиецот Оскар Пјастра, новата сезона ќе ја започнат со еднакви шанси во борбата за титулата, без фаворизирање во тимот.

„Работев напорно за да се подготвам за сезоната што претстои. Празнините на врвот веројатно ќе бидат неверојатно мали и возбуден сум поради просторот за напредок по две сезони во овој спорт. Победите на почетокот на кариерата ми овозможија да вкусам успех и сега сакам многу повеќе“, рече Пијастри.

Мекларен го заврши своето 26-годишно чекање на титулата кај конструкторите минатата сезона во тесна битка со Ферари, кој од оваа сезона го има седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, поранешниот возач на Мерцедес и монегажанецот Шарл Леклер.

Италијанскиот тим ќе го лансира својот нов болид следната среда.

Официјалното тестирање започнува во Бахреин на 26 февруари, а првата трка од новата сезона ќе се одржи во Мелбурн на 16 март.

„Денеска е голема пресвртница на нашето патување до титулата во 2025 година“, рече извршниот директор на Мекларен, Зак Браун во изјавата.

„Мораме да бидеме реални дека секој тим ќе се подобри во текот на зимата. Минатата година истакна колку се приближија тимовите, што е брилијантна работа за спортот. Веруваме дека направивме подобрувања на MCL38 што го освои шампионатот, но нема да знаеме каде стоиме против конкуренцијата додека не започнат квалификациите во Австралија“, заклучи Браун.