Ф1: Перез казнет, но му останува победата

Мексиканецот Серхио Перез од тимот на Ред Бул казнет е со дополнителни пет секунди поради непочитувањето на прописите зад безбедносното возило, меѓутоа ја задржа победата на денешната трка за Големата награда на Сингапур во Формула 1, бидејќи имаше 7,6 секунди предност пред Шарл Леклер од тимот на Ферари.

Перез е казнет бидејќи во текот на трката го прекршил правилото според коешто возачите мора да го следат безбедносното возило со оддалеченост од пет должини на болидот. Меѓутоа, проценето е дека разликата меѓу болидот на Перез и безбедносното возило била околу десет должини на болидот. Поради тоа казнет е со пет секунди, но сѐ уште му останаа 2,5 секунди предност пред Леклер.

Перез со оваа победа ја прекина серијата на пет последователни победи на тимскиот голема Макс Верстапен , кој веќе во Сингапур ја имаше првата можноста за одбрана на ланската титула, но за тоа требаше да победи и да добие барем 22 бодови повеќе од Леклер, но не успеа.

За Мексиканецот ова е втора победа сезонава по онаа во Монте Карло, и четвртата во кариерата. По Шарл Леклер, како третопласиран беше Шпанецот Карлос Саинц, исто така, од Ферари.

Пет трки пред крајот на сезоната води Верстапен со 341 бод, Леклер е втор со 237 бодови, додека Перез е трет со 235 бодови.

Следната трка на распоредот следната неделата, кога ќе се вози Големата трка на Јапонија на патеката во Сузука.