Ф1: Шеста последователна победа на Ферстапен, Ред Бул го израмни рекордот

Актуелниот светски првак и водечки во генералниот пласман, Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул победи на трката за Големата награда на Велика Британија возена во неделата на патеката во Силверстоун, десеттата трка од светското првенство во класата Формула 1.

За 25-годишниот Холанѓанец ова е 43-та победа во кариерата, притоа осма сезонава и шеста во низа. Покрај тоа, ова е 11-та последователна победа на тимот на Ред Бул со што го израмнија досегашниот рекорд на тимот на Мекларен остварен во 1988 година.

„Единасест со ред. Тое е доста лудо. Имавме лош старт, па мораме да испитаме зошто тоа е така. Беа потребни неколку кругови да ги минам Мекларен, потоа сѐ беше сосема во ред“, изјави Ферстапен преку тимското радио.

Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен беше втор во трката возена пред 160.000 гледачи, додека седумкратниот светски првак Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес беше трет.

„Се борев колку што можев, но второто место е неверојатно“, рече Норис, додека Хамилтон порача „Да се стартува седми и да се дојде до третото место е голема работа. Големо благодарам за тимот“.

Ферстапен имаше најдобра стартна позиција, меѓутоа Норис подобро стартуваше и го презема водството. Во петтиот круг Холанѓанецот ја врати првата позиција која не ја испушти до крајот.

Во генералниот пласман Ферстапен сега има 255 бодови. Неговиот тимски колега, Мексиканецот Серхио Перез е втор со 156, Шпанецот Фернадо Алонсо од Астон Мартин има 137 а Луис Хамилтон од Мерцедес има 121 бод.

Во пласманот меѓу конструкторите Ред Биил е убедливо прв со 411 бодови, пред Мерцедес со 203, Астон Мартин со 181 и Ферари со 157 бодови.

Следната трка се вози за Големата награда на Унгарија 23-ти јули.

РЕЗУЛТАТИ:
1. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) 1 ч 25:16.938
2. Ландо Норис (ВБ/Мекларен-Мерцедес) + 3.798
3. Луис Хамилтон (ВБ/Мерцедес) 6.783
4. Оскар Пјастри (Аус/Мекларен-Мерцедес) 7.776
5. Џорџ Расел (ВБ/Мерцедес) 11.206
6. Серхио Перез (Мек/Ред Бул) 12.882
7. Фернандо Алонсо (Шпа/Астон Мартин) 17.193
8. Александар Албон (Тај/Вилијамс-Мерцедес) 17.878
9. Шарл Леклер (MC/Ферари) 18.689
10. Карлос Саинц Јуниор (Шпа/Ферари) 19.448…

ПОРЕДОК:
1. Макс Верстапен (Хол) Ред Бул 255 бодови
2. Серхио Перез (Мек) Ред Бул 156
3. Фернандо Алонсо (Шпа) Астон Мартин 137
4. Луис Хамилтон (ВБ) Мерцедес 121
5. Карлос Саинц (Шпа) Ферари 83
6. Џорџ Расел (ВБ) Мерцедес 82
7. Шарл Леклер (Mон) Ферари 74
8. Ленс Строл (Кан) Астон Мартин 44
9. Ландо Норис (ВБ) Мекларен 42
10. Естебан Окон (Фра) Алпен 31 …

КОНСТРУКТОРИ:
1. Ред Бул 411 бодови
2. Мерцедес 203
3. Астон Мартин 181
4. Ферари 157
5. Мекларен 59
6. Алпски 47
7. Вилијамс 11
8. Хас 11
9. Алфа Ромео 9
10. АлфаТаури 2 …