Канаѓанецот Ленс Строл нема да ја започне неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур, откако доживеа несреќа за време на квалификациите ден претходно, објави неговиот тим Астон Мартин.
„Тимот мораше да се справи со огромна работа денеска за да го поправи болидот и Ленс сѐ уште има болки по таквиот шок“, се вели во соопштението на британскиот тим.
Во саботата, во неговиот последен брз круг за да обезбеди место во Топ 15 што е синоним за Q2 – вториот дел од квалификациите, Строл силно удри во ѕидот со полна брзина, откорнувајќи голем дел од предниот дел од левата страна на неговиот болид пред да заврши на средината на патеката.
Дваесет ичетригоришниот Строл за малку ќе удрепше во Мекларенот на Ландо Норис кој го следеше, а од автомобилот излегол неповреден, но сепак по несреќата се јави во медицинскиот центар. Лекарите го прогласија за способен да вози в недела.
„Целта на Ленс сега е целосно да се опорави пред јапонскиот ГП“ следниот викенд, уверуваат од Астон Мартин.
Канаѓанецот, чие вистинско име е Ленс Струлович, е син на мултимилијардер роден во еврејско семејство во Русија.
На почетокот на Големата награда во недела во 14 часот, Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) ќе стартува од пол-позицијата пред Британецот Џорџ Расел (Мерцедес).
На градската патека Марина Беј, лидерот во шампионатот Макс Верстапен ќе стартува дури од 11-то место, пред неговиот тимски колега од Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез, 13-ти.