Клуб од Обединетите Арапски Емирати сака да се приклучи во кошаркарската Евролига. Како што објавија повеќе медиуми, Емирите се сериозни во намерите да го донесат ова натпреварување во Дубаи, а за почеток организација за Ф4.
Новиот претседател на елитното натпреварување Дејан Бодирога и сопствениците на клубовите би можеле во наредниот период да одржат состанок на оваа тема и да разговараат за евентуалното засилување со нов тим.
Нивниот предлог опфаќа и организација на Ф4 турнирот од Евролигата во следните три сезони во Дубаи во сала со капацитет од 17.000 гледачи.