ФА Куп: Челзи се мачеше да го скрши второлигашот Престон

Фудбалерите на Челзи дури во второто полувреме го скршија отпорот на второлигашот Престон и на домашен терен го добија натпреварот од третото коло од англискиот ФА Куп со 4:0.

Нервозата кај навивачите на трибините на „Стемфорд Бриџ“ траеше до 58. минута, односно до погодокот на Броха, по што Челзи за само четири минути постигна уште два гола и го приведе дуелот до крајот како и што се очекуваше. Стрелци беа Тиаго Силва во 66. и Рахимм Стерлинг во 69. минута, а заврши Енцо Фернандез, кој погоди во 87. минута за конечните 4:0.

Долго време и Астон Вила го кршеше отпорот на второлигашкиот ривал на гостински терен и на крајот избегнува повторување на натпреварот. Кај Мидлсброу победи со 1:0, а голот вреден за пласман го постигна Кеш во 88. минута.

Фудбалерите на Борнмаут и Брајтон, членови на англиската Премиер лгиа, имаа големи искушенија во третото коло, но излегоа како победници.

Борнмаут победи со 3:2 во дуелот со второлигашот Квинс Парк Ренџерс, моментално претпоследната екипа во Чемпионшип, и покрај тоа што заостануваше со 0:2 на полувремето. Домашните постигнаа два брзи гола на крајот од првото полувреме, стрелци беа Армстронг во 40. минута и Дајкс во 42. минута. Во вториот дел следеше пресврт, а беше направен со погодоците на Таверние во 48, Мур во 58 и Клајверт во 69. минута.

Ниту на Брајтон не му беше лесно ниту во второлигашот Стоук, кај кого победи со 4:2. Домашните поведоа со 1:0 и на дваесет минути пред крајот резултатот беше 2:2. Прво име на натпреварот беше Жоао Педро, кој постигна два гола во завршниот дел од мечот и 2:2 ги претвори во славје на Брајтон од 4:2.

Шефилд Јунајтед победи со 4:0 кај Гилингем, а Осула и Мекејти постигнаа по два гола. Ирецот Семјуел Шмодикс беше херојот во победата на Блекбурн против Кембриџ од 5:2. Шмодикс постигна три гола во првото полувреме за Блекбурн и водство од 3:2 во тој момент, додека Сигурдсон и Леонард подоцна ја потврдија победата.

Фудбалерите на Њукасл немаа проблеми во третото коло, на гостински терен со 3:0 го победија второлигашот Сандерленд, кој моментално е шести во Чемпионшип. Во 35. минута Њукасл поведе откако Балард ја погоди сопствената мрежа, додека водството се зголеми веднаш на стартот од вториот дел кога шведскиот репрезентативец Исак погоди за 2:0, додека истиот играч во 90. минута реализираше пенал за конечните 3:0.

Лестер, до неодамна силен премиерлигаш а моментално водечки тим на Чемпионшип, победи на гостувањето кај Милвол со 3:2. Касадеи, Переира и Кенон беа стрелци и го однесоа Лестер во следната рунда.