Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во четвртфиналето на англискиот ФА Куп откако во вторникот вечерта на гостински терен го совладаа второлигашот Бристол Сити со 3:0.
Херој во оваа победа на клубот од Манчестер беше Фил Фоден, кој погоди за гостите за 2:0, во седмата и во 74 минута, а сѐ беше завршено со голот на Кевин Де Брујн на девет минути пред крајот.
Бристол Сити го загуби првиот натпревар од крајот на декември минатата година.
Изненадувањето на вечерта беше победата на Блекбурн со 2:1 на гости кај Лестер Сити. Блекбурн, кој моментално е четврти на табелата во Чемпионшип, водеше со 2:0 со головите на Долан во 33 минута и на Шмодич во 52 минута. Лестер успеа само да го намали резултатот со голот на Ихеанач ово 67. минута.
Во прволигашката пресметка, Фулам пред своите гледачи го победи Лидс со 2:0 со головите на Жоао Палиња во 21 и Соломон во 56 минута, додека Брајтон беше успешен гостин кај Стоук каде победи со 1:0. По половина час игра Фергусон го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во среда се закажани преостанатите осминафинални натпревари со Саутемптон – Гримсби, Барнли – Флитвуд Таун, Манчестер Јунајтед – Вест Хем и Шефилд Јунајтед – Тотенхем.