Извлечени се двојките во осминафиналето на англискиот ФА Куп, а фудбалерите на Манчестер Сити во оваа фаза од најстарото фудбалско клупско натпреварување на светот ќе му гостуваат на второлигашот Бристол Сити.
Во понеделникот Вест Хем успеаја да се пласираат во осминафиналето откако со 2:0 го совладаат третолигашот Дерби Каунти. Во 10 минута стрелец беше Боувен а во 50 минута Антонио за лесната победа на прволигашот кој во осминафиналето ќе има тешко гостување на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.
Дерби Каунти впиша пораз откако имаше серија од шест победи во сите натпреварувања, а за овој третолигаш ова беше првиот пораз по ланскиот 21-ви октомври, сметајќи ги натпреварите во регуларните 90 или 120 минути со продолженија.
Манчестер Сити во четвртото коло го победи водечкиот моментално водечкиот тим во Премиер лигата Арсенал со 1:0, а сега пласманот во четвртфиналето ќе го бара во дуелот со Бристол Сити, кој во моментов е на 17-то место во Чемпионшип.
Поради одиграните нерешени средби ќе се повторат шест натпревари од четвртото коло: Бирмингем – Блекбурн, Барнли – Ипсвич, Гримсби – Лутон, Флитвуд Таун – Шефилд Венсдеј, Сандерленд – Фулам и Шефилд Јунајтед – Рексам.
ФА Куп, двојки од осминафиналето:
Саутемптон – Гримсби или Лутон
Лестер – Бирмингем или Блекбурн
Стоук – Брајтон
Шефилд Јунајтед или Рексам – Тотенхем
Сандерленд или Фулам – Лидс
Бристол Сити – Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед – Вест Хем
Барнли или Ипсвич – Флитвуд Таун или Шефилд Венсдеј