ФА Куп: Тежок пораз на Нотингем од второлигашот Блекпул

Англискиот прволигаш Нотингем Форест се прости од годинешново натпреварување во ФА Купот во третото коло, и тоа по поразор од 1:4 кај второлигаш Блекпул.

Кон крајот на октомври, Блекпул кој е 22-та екипа во англискиот Чемпионшип ја впиша последната лигашка победа. По тоа девет во девет првенствени натпревари имаше четири ремија и пет пораза. Меѓутоа, прволигашкиот тим уверливо го надигра а минатата сезона Нотингем Форес како второлигаш се проби до четвртфиналето на најстарото клупско натпреварување.

Блекпул водеше со 4:о по головите на Екпитета, Повед-Окампо и Џими Јетс, додека во 92 минута Нотингем дојде до почесниот погодок кој го постигна Рајан Јетс.

На уверлив начин натаму мина и одличниот Брајтон кој на гости со 5:1 го победи Мидлсборо. Два гола постигна аргентинскиот репрезентативец Мек Алистер, а по еден Грос, Лалана и Ундав.

Со погодокот на Томас-Асанте, Вест Бромвич одигра 3:3 кај Честерфилд и со тоа обезбеди нов натпревар во оваа рунда, додека Фулам со 2:0 го победи Хал Сити на гости со головите на Курзава и Џејмс.

Најголем пресврт направи Сандерленд кој до судиското продолжени губеше со 0:1. Но во 91 и 94 минута Стјуарт и О’Ниен погодија за победа на Сандерленд.

ФА Куп, 3-то коло:

Кристал Палас – Саутемптон 1:2
Гилингем – Лестер 0:1
Престон – Хадерсфилд 3:1
Рединг – Ватфорд 2:0
Тотенхем – Портсмут 1:0
Бурнмаут – Барнли 2:4
Блекпул – Нотингем Форест 4:1
Борехам – Акрингтон 1:1
Честерфилд – Вест Бромвич 3:3
Флитвуд Таун – Квинс Парк Ренџерс 2:1
Хал – Фулам 0:2
Ипсвич – Ротерам 4:1
Мидлсброу – Брајтон 1:5
Милвол – Шефилд Јунајтед 0:2
Шрусбери – Сандерленд 1:2