Фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во осминафиналето на англискиот ФА Куп, откако во дуелот од четвртиот круг гио победија второлигашто Викомб со 4:1.
Но „Спарс“ дури во самата завршница од мечот успеаја да го скршат отпорот на домашните, постигнувајќи три гола во последните пет минути од натпреварот.
Викомб поведе во 25 минтуа со голот на Фред Онјединмо, а во последните моменти од првиот дел израмни Герет Бејл.
Сѐ до 86 минута Викомб одржуваше реми, но тога Хари Винкс погоди за 2:1, Тангу Ндомбеле една минута подоцна зголеми на 3:1, а истиот играч во третата минута од судиското продолжение ги псотави конечните 4:1.
Тотенхем во осминафинелето ќе гостува кај Евертон.
Во последниот меч од 16-финалето во вторник се среќаваат Борнмут и Кроули Таун.