![Тања Фајон](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/tanja-fajon.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ѝ биде домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и соработката во рамките на НАТО, како и претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ
Во рамки на нејзиниот престој во Скопје, Фајон се очекува да се сретне и со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.