Дисциплинската комисија на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) отвори постапка против капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, за „несоодветно“ однесување по неговиот црвен картон во дербито против Ливерпул.
Ромеро беше исклучен во судиското продолжение откако доби втор жолт картон. Аргентинскиот дефанзивец не го напушти теренот веднаш, туку се расправаше со судијата.
„Ромеро постапи несоодветно со тоа што не го напушти теренот веднаш и се однесуваше агресивно кон судијата на натпреварот откако беше исклучен во 93-та минута“, соопшти ФА.
Ромеро има рок до 2 јануари да одговори на жалбата.
Чави Симонс, исто така, беше исклучен во 33. минута од натпреварот против Ливерпул, па Тотенхем го заврши натпреварот со девет играчи.
„Црвените“ победија со 2:1.