
Во најголемата фабрика за производство на знамиња во Иран се произведуваат американски, британски и израелски знамиња кои иранските демонстрантите ги палат.
Фабриката се наоѓа во градот Хомеин, југозападно од Техеран, и во неа вработените рачно изработуваат знамиња.
Месечно се произведуваат околу 2.000 американски и израелски знамиња.
Како што пренесуваат светските агенции, во период на засилени тензии меѓу САД и Иран, по убиството на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, демонстрантите редовно палат американски, британски и израелски знамиња на митинзи и протести.