Најголемата социјална мрежа укинала околу 200 апликации, во првиот чекор на ревизија на апликациите коишто имаат пристап до голем обем на податоци на корисниците, како одговор на сканалот во чие средиште е британската компанија за политичко советување Cambridge Analitica.
Апликациите се укинати во рамките на продолжената истрага за тоа дали може преку нив да се злоупотребат податоците за корисниците, изјавија од Facebook.
Компанијата објави дека досега извршила анализа на илјада апликации во рамките на истрагата која на 21-ви март ја наложил извршниот директор Марк Цукерберг. Основачо на социјалната мрежа тогаш кажа дека ќе ги истражуи сите апликации кои имале пристап до големо количество информации, пред компанијата да им го ограничи пристапот во 2014 година.
Facebook е погоден од криза на довербата меѓу корисниците, огласувачите, вработените и вложувачите откако призна дека податоците за околу 87 милиони луѓе, повеќето во САД, дошле во посед на компанијата Cambridge Analyticа која ги користела во политички кампањи.
Во 2014 година оваа британска компанија преку психолошки прашалник на кој оговориле 270.000 лица дошла до податоци за 87 милиони корисници на социјалната мрежа. Тоа ѝ овозможило да направи драгоцена база од податоци пред да биде ангажирана во кампањата на сегашниот американски претседател Доналд Трамп.
По избувнувањето на скандалот во САД и ЕУ беа отворени неколку официјални истраги, а Цукерберг неколкупати се извини поради нарушување на приватнота на корисниците.
Личните податоци се во средиштето на моделот на Facebook и другите технолошки групации како Twitter и Google, бидејќи е можно подобро насочување на рекламните, тргвоските или политичките содржини.