Австрискиот канцелар Вернер Фајман истакна дека нема алтернатива за приемот на бегалците и не ја исклучува можноста дека би можело да дојде до зголемување на бројот на бегалците на гранцата кон Германија, пренесуваат австриските медиуми.
Според неговите зборови, зголемувањето на бројот на бегалците би било само на два до три дена.
Околу 200.000 бегалци изминатите недели од Унгарија преку Австрија заминале во Германија, а 80.000 азиланти, според очекуањата на Виена, годинава ќе останат во Австрија.
Покажуваме дека капетаните ја имаат контролата над бродовите. Што требаше во таа ситуаија да направиме поправилно? запрашал Фајман.
Тој очекува дека Германија ќе мора да го запре бранот бегалци – дневно до 7.000 бегалци.
Но, покрај се’, нема алатернатива за приемот на луѓе кои се на улица. Требаше ли 200.000 бегалци, меѓу кои многу деца и жени, да ги оставиме под ведро небо да страдаат на некое поле во Унгарија, прашал Фајман.
Ако Берлин, повеќе од сега спроведува таканаречени аеродромски процедури и протерување на економските мигранти се обиде да го запре бранот на бегалци од Австрија, постојат две можности, вели Фајман:
Или Австрија ќе го следи тој пример и ќе прави исто на преминот Никелсдорф, или бегалците ќе се обидуваат да дојдат во Гермнија преку „зелената граница“.
Што се однесув до подигнување на ограда или ѕид, австрискиот канцелар порачал дека по примерот на Унгарија се гледа како „ѕидот функционира одлично“.