Лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс„ ги повика денеска читателите да го дадат својот глас за останување на Велика Британија во ЕУ, означувајќи го тоа како единствено исправно и за земјата корисно решение, објави МИА.
Весникот посветен на бизнисот, економијата и финасиите, пишува дека заминувњето ќе предизвика „сериозен ризик“ за британското живеење надвор од Унијата.
Сугерирајќи им на читателите како да се определат , весникот вели дека е „позитивен случај“ за Британија да биде во ЕУ и да биде дел од конструктивните реформи во сега „неперфектната“ Унија.
„Во такви услови е повеќе од дефитистички чекор, решението за замнивување, што би претставувало пример за неоправдано саморанување, порачува „Фајненшл Тајмс“ во својот редакциски коментар, определувајќи се против Брегзит.
Овој весник е вторит во Велика Британија, по таблоидот „Сан“ кој се изјаснува за референдумот што ќе се одржи за седум денови.
Определувањето на весник каков што е „Фајненшл Тајмс“ за останување во Унијата, доаѓа во време на жестока кампања меѓу приврзениците на едната и другата опција, во финишот на трката за добивање довербата на гласачите.
Последните испитувања на јавното мислење покажува дека во блага предност се приврзениците на кампањата за излез од ЕУ, што неформално ја предводи поранешниот лондонски градоначалник Борис Џонсон.
Неделникот „Економист„ во својот последен број, меѓутоа, порачува дека не треба да се крева паника и дека сеуште е висок процентот на неопределените, како и дека гласачите во услови на референдум не ретко се одлучуваат во последен момент. Овој весник верува дека опцијата за останување во ЕУ, на крајот, сепак, би можела да добие поголема подршка.