Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го посети во саботата објектот во центарот на Скопје кој ќе биде наменет за десет различни државни институции како и целосно нов објект и простории за факултетот за драмски уметности во Скопје, инвестицијата е во вредност од 20 милиони евра.
Управата за финансиска полиција, Комисијата за односи со верски односи, Агенцијата за администрацијата, Агенцијата за туризам, Фондот за иновација и технолошки развој, Агенцијата за планирање на просторот, Државен завод за индустриска сопственост, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Бирото за регионален развој, агенцијата за цивилно и воздухопловство, како и Факултетот за драмски уметности од наредната седмица до крајот на јуни и почетокот на јули ќе започнат со комплетно вселување во своите нови простории.
„Вкупно единаесет институции се прекрасно замислени, со сопствен простор, а тоа е најважно бидејќи претходно тие во минатотот беа под кирија, а само финансиската полиција којашто е една од единаесетте сместени институции во оваа зграда во минатото плаќала кирија од околу 100.000 евра годишно или, пак, беа во некои стари руинирани бараки изедени од забот на времето. Целиот објект се простира на 20 илјади метри квадратни и за недела до две би требало да започне вселувањето на овие институции, додека факултетот за драмски уметности би започнал да се вселува кон крајот на јуни или почетокот на јули“, рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека инвестицијата надминува 20 милиони евра и се работи за инвестиција од страна на Буџетот и нешто што ќе остане во наредните години.