
Најскапата аквизиција во клупската историја на францускиот прволигаш Монако, репрезентативецот на Колумбија, Радамел Фалкао, уште еднаш повтори дека не размислува за никаков трансфер во редовите на актуелниот европски клупски шампион Реал (М) и дека е фокусиран само на рехабилитацијата од тешката повреда.
Пред неколку месеци, 27-годишниот напаѓач ги скина вкрстените лигаменти во десното колено и мораше да го пропушти Мундијалот во Бразил.
Шпанските медиуми веќе неколку месеци ја форсираат приказната дека Фалкао ќе го облече дресот на Реал (М) до крајот на летниот преоден рок, а обештетувањето за неговите услуги нема да биде помало од 60 мил. евра.
“Нема никаква промена кога е во прашање мојата фудбалска иднина. Јас сум целосно фокусиран на процесот на рехабилитација, целосно сум фокусиран на мојата последна повреда. Сакам да се вратам на зелениот терен посилен од било кога, сакам да бидам 100% погодтвен за игра”, изјави Фалкао.