Министерството за внатрешни работи чека пријава за да истражи дали имало фалсификуван документ за оставката на министерот за надворешни работи Никола Димитров и кој е фалсификаторот, изјавиле за порталот Плусинфо од македонската полиција.
Претходно во понеделникот Телевизијата 24 Вести, која се смета за блиска на владејачките структури, објави во пладневниот весник дека шефот на дипломатијата, Никола Димитров, по неуспешниот референдум во неделата со кој не е прифатен договорот со Грција чиј потписник е тој, си поднел оставка.
На тоа реагираше Министерството за надворешни работи коешто испрати демант до медимиуте, а во телефонски разговор за порталот Курир.мк оцени дека станува збор за „лажни вести“.
Владини извори најавуваат дека министерството за наворешни работи ќе го пријави случајот во полиција и дека очекуваат разврска.
Министерот за надворешни работи на Македонија, откако попладнево на социјалните мрежи се појави наводен документ со фалсификуван печат од МНР и негов потпис, а наводно испратен до премиерот Зоран Заев, дека си поднесува оставка, на Фејсбук сподели дека не крева раце додена „не ја биде Македонија“.
„Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и’ дошло времето. Ќе ни’ ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни’ ја биде!“, пишува Димитров.
Претходно беше објавено дека Димитров си поднел оставка, а за неговата веродостојност укажува дека тој е печатиран од министерствотоа. Оттаму, сега се отвора прашањето, дали е изработен фалсификат печат на министерството и Владата или некој во Владата го (зло)употребил печатот да го „разреши“ Димитров.