Координативното тело за интелектуална сопственост, на Денот на интелектуалната сопственост на депонијата „Дрисла“ ќе спроведе јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост, авторското право и сродните права и правата од индустриска сопственост.
Предмет на уништување ќе бидат производите одземени при акции на Координативното тело за интелектуална сопственост и од одделените акции на државните инспекциски органи со кои беа повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки на надлежните судови.