Ако некој досега се сомневаше, сега секому е јасно дека СДСМ со подршка на странски фактор практично сака да ја украде волјата на граѓаните. Кристално чисти избори на целата територија на Македонија, преку политичкото влијание во ДИК, монтиран судски предмет во Управен суд и со организирање на прецизна математика и контигенти на гласови во Теарце, СДСМ ќе се обиде да ја поништи волјата на граѓаните и легитимира изборна кражба во Македонија.
Теарце е место каде на денот на избори според сите набљудувачи и таму присутни помина во најдобар ред. Жителите се изненадени, велат дека овие избори поминале во мирна и демократска атмосфера, ниту виделе, ниту пак слушнале дека имало нерегуларности и проблеми.
;
На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.
За СДСМ да победи и добие пратеник, математиката покажува дека иако е тешко е теоретски невозможно. СДСМ ги загуби изборите од ВМРО-ДПМНЕ во Теарце и сега на прегласувањето ќе и се потребни плус 300 гласа за да добие пратеник. Тоа значи дека никој, или во многу мал број од останатите гласачи би гласале за другите партии, што во нормални услови е невозможно ДУИ, ДПА и БЕСА да не добијаат воопшто гласови.
Сепак, контигентот на гласови кои може да се испорача на контонто на СДСМ под влијание на друг надворешен фактор исто така не е за потценување и тоа е нешто на кое се потпира Заев. Зоран Заев практично е свесен дека ги загуби овие избори и на овој начин преку дворски игри и на зелена маса сака да го смени резултатот добиен на најчистите избори досега.
Очекувањата на СДСМ се сведуваат на теоријата на фантомски гласови
Експертската јавност смета дека тоа е шамар за сите граѓани кои гласаа на изборите. Ова е школски пример како се крадат избори и преку измислени неправилности во Теарце сака да се помножи со нула волјата на сите граѓани. Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека очекувањето на СДСМ за промена на бројот на гласови се сведува на теоријата на фантомски гласови, која патем ја промовираше СДСМ.
-Сметам дека прегласувањето кое треба да се одржи на едно избирачко место, според прифатената тужба од СДСМ од страна на Управниот суд, во конкретниов случај во избирачко место во Теарце во ништо нема да го промени финалниот исход кој го освоија политичките партии на изборите на 11 декември. Се работи за избирачко место каде што сите политички партии имаат свои поддржувачи и свои стандардни гласови. За да се случи било каква промена во освоените мандати во шестата изборна единица хипотетички би требало сите гласачи да гласаат само за СДСМ, со што би освоиле 400 гласа и би успеале да го променат изборниот резултат. Таква можност се исклучува бидејќи на 11 декември СДСМ освои помалку гласови од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ т.е. околу 80 гласови. Очекувањето за промена на бројот на гласови се сведува на теоријата на фантомски гласови која патем да ве потсетам ја промовираше СДСМ, вели Додовска за КУРИР.