Фалсификувано логото на картичката „Скопска“ на ЈСП, бидете внимателни

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка „Скопска“ објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Јавен превоз Скопје, која не е поврзана со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, информираат од јавното претпријатие.