Државната изборна администрација во целина ќе ги превземе работите во свои раце. Државната изборна комисија има обврска да утврди роковник по кој што ќе ги следи и постапува, вели за ТВ Нова професорката Татјана Каракамишева Јовановска.
Она што беше најголемата фама дека имаме ние фаличен избирачки список, дека има огромен број на луѓе кој се фантомски гласачи паднаа во вода тие фами, тие тези паднаа во вода. Видовме дека не само што немаме фантомски гласачи туку едноставно сè е во ред со избирачкиот список, изјави Каракамишева.
Според неа, треба да се додетализираат прашањата за околу 580 избирачи на кои што треба да им се најде соодветното живеалиште, бидејќи во двете бази ги нема со соодветно или исто живеалиште.
Од оние фамозни 300.000 или 500.000 спорни гласачи кој ги најавуваа СДСМ и опозицијата испадна дека проблематични, и пак ќе кажам сè уште не се знае дали се проблематични, се 500 избирачи така да цел тој филм што го пласираа опозицијата со цел да ги пролонгира изборите. Видовме дека не успеа и од таму меѓународната заедница се добива впечаток дека се повеќе се повлекува од оној првичен став кој го имаше за можноста или неможноста за одржување за кредибилни веродостојни и фер избори, додаде Каракамишева.