Фантастична атмосфера на Ла Бомбониера

Многу често фудбалските фанови на овие простори знаеле да направат исклучителна атмосфера на стадионите, особено на оние големи дерби натпревари, истото се случува и ширум поголемите европски лиги, но кога е во прашање “фештата” на стадионите, еден натпревар во светот секогаш предничи пред останатите…

Изминатава ноќ аргентинските Бока Јуниорс и Ривер Плата се сретнаа во Купот на Јужна Америка и одиграа без погодоци во едно од најголемите светски дербија, но она што е поважно е спектакуларната атмосфера на Ла Бомбониера која ја направија навивачите.