Фантастична ноќ на Њокас: Со 8/8 ја „запали“ вардаровата армија! (ВИДЕО)

Францускиот бек Кевин Њокас со своето искуство делува како големо засилување за Вардар. Барем кога ќе се погледне првата партија пред скопската публика во Лигата на шампионите, во големата победа над Мешков Брест (35-27).

35-годишниот бек заедно со неговиот брат пред десетина дена пристигнаа во Вардар, но и тоа не им пречеше да демонстрираат одлични партии. Кевин одушеви на дуелот против белорускиот шампион, со осум гола од вкупно осум обида.

Осумте гола од осум обида на Кевин Њокас:

Видеото може да го погледнете ТУКА

Њокаси пристигнаа во Вардар 1961 од таборот на Металург, по неочекуваната разделба со Едуардо Гурбиндо. Вардаровите навивачи се одушевени од првата партија во СЦ „Јане Сандански“ и по деби-триумфот во ЛШ апетитите пораснаа.