Ова беше само шеста победа за „езерџиите“ во последните 20 средби, најмногу поради учинокот на „Кралот“, кој мечот го заврши со 38 поени, 11 скока и 12 асистенции. Веднаш зад него беа Огасти и Вестбрук со по 20 поени, додека Гарланд со 29 поени беше најефикасен кај „коњаниците“.
Филаделфија севентисиксерс и без Џоел Ембид и Џејмс Харден го совлада Мајами хит (113-106). Најефикасен во триумфот на „сиксерси“ беше Тајриз Макси со 28 поени, од кои 13 во последната четвртина.
Далас маверикс, пак, ја прекина серијата на Минесота тимбервулфс од четири победи по ред, иако беше на чекор да прокоцка предност од 16 поени. Одлучувачкиот момент се случи на 40 секунди до крајот кога Булок погоди тројка. Во продолжението Дончиќ не реализираше обид за три, но тоа не ги чинеше многу домашните кошаркари, затоа што Беверли стана трагичари и ги промаши двете слободни фрлања.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њу Орлеанс 106-103, Кливленд – ЛА лејкерс 120-131, Детроит – Портланд 115-119, Бруклин – Јута 114-106, Филаделфија – Мајами 113-106, Чикаго – Торонто 113-109, Хјустон – Вашингтон 115-97, Оклахома – Бостон 123-132, Далас – Минесота 110-108.