![alkarez us open](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/alkarez-us-open.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои УС Опен откако во финалниот меч го совлада Каспер Руд.
Алкараз одигра уште еден фантастичен натпревар и покажа дека е во неверојатна форма, а на крајот сосема заслужено успеа да дојде до титулата во Њујорк.
Во мечот кој траеше три часа и 22 минути, Шпанецот победи со 3:1 во сетови, а покрај новата грен слем титула влезе во историјата и како најмлад тенисер досега на врвот на АТП листата.
„Ова е нешто за што сонував уште од дете, да бидам број 1 во светот, да бидам шампион“, рече меѓу другото Алкараз по победата против Руд.