Фантомот Павле Трајанов се регистрираше за да гласа

Првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов веќе се регистрирал да гласа, а истото го прават и голем број други револтирани граѓани.

Со ова се намалува бројот на измислени фантомски гласачи со кои СДСМ веќе со месеци ја манипулира јавнота како алиби за бегство од избори и соочување со волјата на народот.

Државната изборна комисија објави јавен повик за пријавување на граѓани чии што записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во избирачкиот список. ДИК ги повикува граѓаните во периодот од 26 јули до 19 август да се пријават во Државната изборна комисија за да може да се запишат во избирачкиот список.

Пријавувањето може да се изврши на два начина и тоа: лично во Државната изборна комисија или во подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија, секој ден од 08:30 до 19:00 часот или со електронско пријавување преку посебна електронска апликација, поставена на веб страната на Државната изборна комисија.

По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште десет дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.
Освен лично, пријавување ќе се врши и преку посебна електронска апликација поставена на интернет-страницата на ДИК, на која треба да се прикачи скенирана фотографија од лична карта или од пасош.

Списокот на сомнителни гласачи кој го објави ДИК ги исфрли на површина сите манипулации на опозициската партија. На истиот може да се забележат низа опозициски фунционери и таканаречени експерти кои во јавноста отворено ги бранат политиките на СДСМ. Од ДИК засега нема конкретни информации колку лица од спорните гласачи веќе се регистрирале за да гласаат.

-Не можам сега да ви кажам затоа што уште е рано за такви податоци, сепак тие податоци ќе бидат на крајот на денот, фактички секој ден како ќе ги добиваме тие податоци ќе имаме информација на крајот на денот, колку, што и како се пријавуваат. Сега за сега немаме таква информација, вели за КУРИР советникот до ДИК, Адмир Шабани.

pavle


Павле Трајанов се регистрирал да гласа

Името на првиот човек на Демократскиот сојуз може да се забележи на списокот кој ДИК го објави вчера. Трајанов во изјава за КУРИР вели дека на истата адреса живее веќе 25 години и не знае од кои причини од системот на ДИК е означен како спорен гласач.

-Неверојатна работа. Јас живеам на оваа адреса 25 години и досега секогаш сум бил на избирачкиот список. Сега не знам од кои причини. Првиот пат ме исфрлија како спорен, интервенирав и не е корегирана грешката. Сега повторно преку оваа апликацијата што е на интернет интервенирав и ќе видиме дали ќе се исправи. И веројатно се работи, зошто зградата е на агол на две улици и веројатно тука има некои проблеми, некоја доградба со исти број на стан во продолжение на зградата, така да имаше административна процедура да се исправи евентуална грешка ако има. Но, неверојатно како е можно со вкрстување на податоци каде што, во пензиски фонд сум евидентиран, имам здравствено осигурување –здравствена картичка, и во УЈП, секаде сум евидентиран, и во вкрстените податоци да ме извлечат спорен. Мислам дека тоа е неверојатна работа и тоа сепак е грешка на ДИК и тие треба да видат каде е тој куршлус што се прават вакви грешки. Треба да се исправат грешките, вели Трајанов. 

Трајанов потврдува дека веќе се пријавил на преку аплиакцијата со копија од лична карта која ја доставил

 -Се јавив уште вчера. И минатиот пат кога имаше список отворен и тогаш телефонски интервенирав, ми рекоа нема проблем ќе исправиме, ништо не исправиле, пак е истото. Сега преку апликацијата со копија од лична карта ја доставив. Но, има тука некоја административна збрка околу улиците, но не може да ме исфрли како спорен бидејќи 25 години на исто место живеам, гласам на исто гласачко место, нема промени никакви, секаде сум евидентиран, а да излезам спорен. Така да за секој случај е неверојатна работа зошто така ме исфрлија, додава Трајанов.