Фантомско гласање во Полска, опозицијата бара договор со власта за изборите

Избирачките места во неделата не беа отворени и гласањето не беше возможно, па официјално ниту поништените ниту одложените претседателски избори во Полска ќе влезат во историјата како редок случај на „фантомски“ избори, додека левичарската опозиција предлага разговори по примерот до 1989 година со кои беше соборен комунистичкиот режим во земјата.

Ваквата ситуација е последица од епидемијата на коронавирусот и неможноста владејачките конзервативни партии и левичарската опозиција да се договорат во врска со уставно и за двете страни прифатливо решение. И натаму е неизвесно како ќе се одвиваат настаните во врска со полските претседателски избори.

Лидерот на конзервативната владејачка партија Правда и справедливост (PiS), Јарослав Качински, и неговиот коалициски партнер Јарослав Говин, кои сакаа додложување на изборите за, соопштија дека договор за таквото решение го постигнале во средата.

„По 10-ти мај и откако Врховниот суд очекувано ќе ги прогласи изборите за неважечки имајќи предвид дека не се одржани, претседателот на парламентот ќе распише нови претседателски избори коишто ќе се одржат штом тоа ќе биде возможни“, се истакнува во заедничкото соопштение.

Моментално неизвесната ситуација е резултат на конкурентските интереси и контроверзни одлуки. Соочена со ризикот од масовна зараза на гласачите на избирачките места, PiS изгласа закон со кој се овозможува гласање по пошта. Но предлогот кој го критикуваше и отфрли опозицијата беше упатен предоцна за да се гарантира организирање на изборите.

Истовремено PiS одби одложување на изборите кои ги бараше опозицијата, бидејќи опозициските кандидати не успеале да ја спроведат својата прдизборна кампања. Во согласност со уставните одредби, за одложување на претседателските избори потребно е да се прогласи состојба на природна катастрофа, но PiS смета дека актуелната здравствена ситуација не го бара тоа.

Опозицијата, којашто доби поддршка во официјалните изјави од Европскиот парламент и ОБСЕ за невозможност од одржување избори во време на епидемија, смета дека постои уште една причина зошто власта бара одржување избори што поскори, а тоа е да се гарантира победа на актуелниот претседател Андежј Дуда, кој е близок на PiS. Имено, според последните анкети Дуда би победил во првиот круг од изборите со 63 отсто од гласовите, а доколку изборите би се одржале по пандемијата која ќе има силно влијание врз економијата и по расот на бројот на невработените, кога би добил 42 отсто од гласовите.

Партиите од левицата во неделата повикаа да се одржи тркалезна маса на која владата и опозицијата ќе постигнат договор за слободни и демократски избори.

„Сакаме состанок кој ќе овозможи да донесеме одлука како да се одржат слободни, чесни, директни и уставни избори во Полска“, изјави Кжиштоф Гавковски од Сојузот на демократската левица.

Таквото решени, според него, би гарантирало никој подоцна да не може да го доведува во прашање легитимитетот на изборниот процес. Предлогот кој доаѓа од левицата се заснова на разговорите на ткн „тркалезна маса“ од 1989 година, што тогаш овозможи да биде победена Комунистичката партија во Полска.