Бројот на светската популација која во 2100-та година ќе достигне бројка меѓу 10 и 11 милијарди луѓе ќе биде голем проблем во поглед на квалитетот на храната кој што и сега е проблематичен, смета Францускиот институт за демографски студии (Инед).
Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) предвидела дека, со оглед на растот на светската популација, луѓето ќе бидат принудени да одгледуваат инсекти за да успеат да се прехранат до крајот на векот.
Инсектите, како што се наведува во извештајот, се богати со протеини, не заземаат големо место, нивното одгледување скоро и не ја загадува животната околина, а нивното производство е евтино.
Како што сметаат експертите на Инед, тоа не значи дека месото целосно ќе биде исклучено од менито на дневна исхрана, но дури сега одреден број земји, посебно оние со голема популација, сериозно се занимаваат со одгледување на инсекти за човечка исхрана.
Но, производството на месо не претставува едниствен проблем, туку и овошјето и зеленчукот кои бараат се’ повеќе обработливо земјиште за да се прехрани скоро половина поголем број жители на земјата.