ФАО: Потребна е помош во храна за речиси 40 држави

фао

Дури 37 земји се соочуваат со недостиг на храна, предупреди денеска Меѓународната организација за храна и зеемјоделство (ФАО).

Поголемиот број од тие земји – 28 се наоѓаат во Африка, а како причина за недостигот на храна, во извештајот на ФАО се наведуваат временските услови и судири. Ситуацијата во северниот дел на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен е загрижувачка бидејќи повеќе од 20.000 лица во овие земји се соочуваат со недостиг на храна.

Во извештајот на ФАО се наведува дека производството на пченица годинава треба да биде над просекот и оти производството во Јужна Африка ќе биде подобрено. Меѓутоа 13 од 37 држави и понатаму се загрозени од глад.

Вкупниот број на жители во Африка на кои им е потребна хуманитарна помош изнесува 23,6 милиони, што е за 2,5 милиони повеќе од минатата ггодина.