Фармацевтската индустрија испитува потенцијални 145 терапии за Covid-19

Фармацевтските компании испитуваат повеќе од 140 супстанции во трката за пронаоѓање лек за респираторната болест Covid-19 којашто ја предизвикува новиот тип коронавирус, објави асоцијацијата на оваа индустрија во четвртокот.

Меѓу потенцијалните лекови за Covid-19, 77 се веќе развиени за други болести додека 68 се нови, изјави Томас Куени, швајцарски лобист за фарамацевстската индустрија сега генерален директор на Меѓународната федерација на производителите на лекови (IFPMA) во Женева.

„Имаме обилен извор“, рече Куени на онлајн конференцијата за медиумите и додаде дека 25 компании започнале клинички испитувања.

Челниците на најголемите фармацевтски компании истакнаа на конференцијата дека нивните комппании соработуваат и ги споделуваат податоците за да ги забрзаат истражувањата и развојот на лековите.

„Традционално жестоко компетитивната индустрија се здружи“, рече Куени.

Компаниите работат на различни пристапи во борбата против коронавирусот кој досега усмрти повеќе од 200.000 луѓе откако започна да се шири од Кина на крајот од 2019 година.

Така, додека компанијата „Pfizer“ бара начин да се спречи умножувањето на вирусот, нејзините конкуренти „CSL Behring“ и „Takeda“ се здружија за да развијат терапија за стекнување имунитет со помош на антителета од голем број заздравени пациенти.

Други производители, пак, се потпираат на веќе постојните лекови. Компанијата „AstraZeneca“ испитува лекови за рак на крвта во спречувањето на работата на белите дробови кај заболените од Covid-19.

Од IFPMA вети дека компаниите ќе соработуваат со владите за да дојдадт до масовно производство на лековите по достапни цени.