
Судот во Париз ги прогласи лабораториите на фарамцевтската компанија „Servier“ за виновни за „тешка измама“ и „убиство без предумисла и нарушување на здравјето“ со продажбата на препаратот „Mediator“, чиешто користење можело да ги чини животите 2.000 луѓе, пренесе во понеделникиот телевизискиот канал TV BMF.
Компанијата е казнета со глобва во висина од 2,7 милиони евра, а упште 303.000 евра треба да плати и француската Национална агенција за безбедност на лековите и медицинските производи (ANSM).
Еден од поранешните челници на „Servier“, Жан-Филип Сета, е осуден на четиригодишна условна казна. Во прилогот беше наведено дека станува збор за вториот најважен човек во комапнијата по нејзинито основач Жак Сервие, кој почина во 2014 година пред завршувањето на истрагата.
Судската парница за речиси 33-годишното присуство на лекот „Mediator“ започна во Франција во 2019 година. Обвинети беа 11 правни и 12 физички лица, вклучително и лабориториите на „Servie“ и нејзините девет филијали, како и агенцијата ANSM, којашто и покрај бројните поплаки и истражувања кои укажувале на големи нарушувања на здравјето од овој лек, забраната ја донесе дури во 2009 година.
Од 1976 година „Mediator“ бил препишуван на пациентите со дијабетес од типот 2. Иако уште во 1971 година нејзината главна актовна состојка бенефлуорекс, која е лична ан структурата на амфитаминот, од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) е означена како аноректик (кој го намалува апетитот), „Servie“ успеала да го регистрира и официјализира како антидијабетичен препарат. Со текот на времето, лекарите почнале да забележуваат дека оние кои го земат овој лек многу почесто развиваат пулмонална артериска хипертензија и патологија на срцевите залистоци.
Од 2007 година полмологот од градот Брест, Ирен Фрашон, поведе активна борба за повлекување на „Mediator“ објавувајќи голема студија за негативниот ефект на лекот врз кардиоваскуларниот систем. Подоцна се појавија студии во кои се наведувше дека лекот предизвикал 2.000 смртни случаи предизвикани од нарушувања на срцевиот залисток. Компанијата „Servier“ ја призна вината и започна со исплаќање отштети на семејствата на жртвите, но во моментот на започнување на процесот станува веќе збор за 3.600 лица и над 100 милиони евра, истовремено биле примени 10.300 пријави а лекот ги земале милиони луѓе.