Адриана С. (38) од Штип и Горан С. (42) од Арачиново се жртвите во вчерашното убиство и самоубиство што се случи во скопско Ново Лисиче.
Според првичните, се уште неофицијални информации, причина за убиството и самоубиството биле љубовни проблеми. По вербалната расправија, Адријана почнала да бега меѓу зградите, а Горан ја бркал. Пред зградата број 10 на булеварот Видео Смилевски Бато, во близина на маркетот „Рамстор“, мажот ја стигнал девојката и со еден куршум ја застрелал. Потоа и самиот си пресудил.
Полицијата најави дека денеска ќе ги соопшти официјалните информации за овој трагичен настан.