Во акција на гостиварската полција вчера во Гостивар е откриен дилер на херион. Дилерот хероинот го чувал во пакувања подготвени за употреба.
МИА повикувајќи се на изјава на портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски,пишува оти полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица „Кеј Вардар“.
Во домот бил затекнат и гостиварскиот дилер на хероин, Ф.А, кај кого била пронајдена црна футрола за очила, која ја чувал во панталоните.
Во неа имало поголема зипер кеса, со 43 мали пакувања, за која првично е утврдено дека се работи за хероин.
Во координација со јавен обвинител, Ф.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Во текот на денов со соодветна пријава тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.