Фатен фалсификатор во Неапол, осомничен за печатење 11 милиони лажни евра

Европол: Шверцот на мигранти во Европа „тежи“ неколку милијарди евра

Во Неапол минатата недела бил уапсен фалсификатор осомничен за печатење 11 милиони евра во лажни банкноти, соопшти денеска Европол. Европол објави дека уапсениот, кого не го именува, веќе продал осум милиони евра фалсификувани банкноти низ цела Европа и додаде дека полицијата од него запленила речиси три милиони евра фалсификувани банкноти.

– Покрај тоа, се верува дека уапсениот фалсификатор е одговорен за повеќе од 27 отсто од сите откриени фалсификувани банкноти на евра повлечени од оптек само во 2023 година, соопшти Европол.

Европол, чие седиште е во Хаг, информира дека во апсењето учествувала и француската полиција бидејќи голем дел од фалсификуваните банкноти фалсификаторот ги пуштил во оптек во Франција.