Фатен крадецот што украде вредна икона во Пробиштип

Кривична пријава е поднесена против 31-годишната И.Ј. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „кражба“.

Пријавениот во текот на 2015 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи згодна прилика, преку влезната врата влегол во Домот на културата во Пробиштип и од ѕидот откачил и противправно присвоил уметничка слика со ликот на „Свети Петар“, причинувајќи материјална штета од 15.000 денари.

Иконата беше украдена од Домот на културата во Пробиштип на почетокот на месецов.