Фатен мажот кој подметна пожар во викендица во Пожаране

Во Гостивар, вчера во 10.40 часот, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште.

Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19.00 до 19.30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово.

Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото.

Од СВР Тетово велат дкеа по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во пожарот целосно изгорела викендицата, а пламените ја зафатиле и соседната викендица, сопственост на А.К.(74) од Тетово.