![мигра-960x540@2x](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/migra-960x540-2x.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во близина на Штип утринава откриени се 17 мигранти. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека мигрантите, кои нелегално се движеле во близина на Штип се фатени од полициските службеници и се однесени во прифатниот центар во Гевгелија.
Мигрантите утринава се забележани во неколку групи во близина на градските гробиша во Штип и во близина на регионалниот пат Штип-Радовиш.
Тоа не е случај на криумчарење на мигранти, односно не се движеле со помош на шверцери.
Во рок од осум дена ова е трет случај на фатени мигранти во близина на Штип. Во првиот случај се фатени 40 мигранти, кај штипското село Лакавица, вториот случај беше на 1 март во недела, кога полицијата и Регионалниот центар Исток во близина на штипската населба Три Чешми во камион фатија 78 мигранти, а двајцата шверцери беа лишени од слобода. Во рок од осум дена во близина на Штип се фатени вкупно 135 мигранти.