На 26.07.2022 околу 16.00 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Блаце, запрено е ТМВ ТАМ со рег. бр. СК-2176-АИ сопственост на ЈП Национални Шуми. При извршениот преглед е констатирано дека во истото покрај дрвната маса за која што поседувале испратница, тројца вработени превезувале и поголема количина на огревно кое што било бесправно исечено. Тројцата вработени од ЈП Национални Шуми заедно со службеното возило се лишени од слобода во ПО Мирковци, каде што по премерување од шумската полиција е констатирано дека истите извршиле кривично дело кражба на огревно дрво и злоупотреба на службена положба. Возилото на ЈП Национални Шуми е одземено и задржано во ПО Мирковци.
МВР во своите извадоци од дневни настани во билтен по некоја случајност овој настан не го соопшти во кои вработени во ЈП Национални Шуми наместо да се грижат за заштита на шумите и борба со дивите секачи, истите ги крадат и пустошат, а украдените дрва ги препродаваат. За настанот е известен и запознаен директорот на ЈП Национални шуми за регион Скопје – Ѓерг Аљбани.