Триесетина платеници на соросовата фондација во земјава вчера и денеска се собраа во елитниот хотел „Метропол“ во Охрид, каде на тренинг обука коваат стратегија за понатамошно делување, со цел да ги координираат своите постапки и што е можно поефикасно извршување на идеите на своите наредбодавци и оправдување на енормните суми кои ги добиваат во полза на Зоран Заев и СДСМ, пишува Журнал.нет.
Во мејлот со назнака „ОД ВИСОКА ВАЖНОСТ“, организаторот Сорос Македонија ги известува учесниците дека е обезбеден автобуски превоз за оние кои тргнуваат од Скопје, а дека на оние кои во Охрид ќе стигнат од другите градови ќе им бидат покриени патните трошоци.
На тренингот на соросовите невладини како да делуваат политички во наредниот период, кој се одржа во два дена во Охрид, беа држени предавања и вежби на теми поврзани со можните сценарија за политичка разврска.
Според фотографиите кои стигнаа до нашата редакција, на истите може да се забележат истите ликови кои во јaвноста постојано се поврзуваат со тоа дека примаат финансиски средства од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ) и следствено на тоа, секојдневно одработуваат за интересите на опозицијата предводена од СДСМ. Тоа се истите оние личности кои криејќи се зад превезот на наводен граѓански активизам, постојано атакуваат на власта и се обидуваат да ја оцрнат на најдолен можен начин.
Името на Васко Лазаревски за оние кои редовно ги следеа протестите на опозицијата не е непознато за јавноста. Името на Лазаревски фигурира и на официјалниот сајт на ФООМ во делот на организациска поставеност, односно зајакнување и мобилизација на граѓаните. Токму од официјалниот мејл на Лазаревски на ФООМ, се известуваат останатите граѓански активисти за собирот во Охрид. Инаку, Лазаревски е член на неколку соросови иницијативи и човек кој го води ГЕМ Клубот во кој често се состануваат.
На фотографиите може да се забележи и Марјан Забрчанец од МОФ, човек кој обично се јавува како координатор на писмата до ЕУ, САД и амбасадорите на здружените соросови невладини во поддршка на СДСМ. Исто така, Забрчанец редовно може да се види и на дебатните емисии на опозициската телевизија Телма.
Покрај Забрчанец, на обуката на соросовите невладини може да се забележи уште еден истакнат опозициски активист, кој исто како и Забрчанец редовно може да се забележи во „Топ тема“ на Телма. Станува збор за Андреја Стојковски од МЦЕО, кој често во јавноста ги застапува ставовите на СДСМ и опозицијата. За него медиумите веќе објавија дека во 2015-та година инкасирал 895 илјади денари, а во 2014-та година инкасирал 1.054,103 денари од истата организација финансирана од Сорос.
Во јавноста е познато дека на платеничкиот список на Сорос се наоѓаат политичари, јавни личности, граѓански активисти, платени експерти, судии, новинари, уредници на весници, блогери. Нивната задача е креирање на фиктивна слика за непостоење на слобода и демократија затскривајќи се зад наводен граѓански активизам. Меѓу другите учесници се и:
Анита Ивковиќ од Центарот за современи уметности која го гушкаше ГТЦ , Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права која е позната по хистеричното однесување во јавност, Ленче Христова од НВО „Граѓанска демократија“, Филип Јовановски во јавноста попознат како „Филип Лагата“, самопрогласен уметник и еден од најхистеричните Фејсбук коментатори на СДСМ/Сорос, Славица Инџевска- директорка на програма во ФООМ, Филип Стојановски од Сорос, познат и како Развигор, Бојан Маричиќ – човек кој ги поминал сите соросови невладини, сопруг на екс-пратеничката на СДСМ Маринела Тушева и редовен „експерт“ на Топ Тема на Телма, Отворено на 24 Вести и сите други опозициони медиуми, пишува Журнал.нет.
Листата продолжува и со Ненад Јовановиќ, Сања Богатиновска, Александар Дојранлиев, Катерина Бабулова, Сашо Додовски, Бардил Јашари, Дона Костуранова, Гоце Љубиновски, Горан Трајков, Борјанчо Мицевски, Сасшко Петровиќ, Дејан Ристов, Светлана Сиљаноска, Александта Јосифовска, Васко Ашталковки, Бане Кома Гелевски, Златко Димковски, Ѓунер Исмаил и други, пишува порталот.
Според темите на кои во изминативе два дена се спремаат овие невладини платеници, уште еднаш може да се заклучи дека експонентите на СДСМ/Сорос ги добиваат насоките од централата за тоа како во наредниов период да продолжат да сеат магла дека се граѓански активисти и квази експерти, а во позадина да одработуваат за СДСМ.
Изборот на елитен хотел далеку од очите на јавноста во работни денови на почеток на неделата е доказ за обидите на невладините платеници под превезот на невладиниот активизам да ја затскријат политичката агенда нарачана од бихаќка која ќе ја спроведуваат во периодот кој следи.
Тоа што се собрани од “матицата” Сорос Македонија да бидат инструирани како политички да делуваат потврдува дека ниту се независни активисти, ниту се граѓанство кое се бори за интересите на Македонците, туку за своите интереси и дебели суми на банкарските конта за извршување на наредбите на Сорос/СДСМ.
Но, како што не можеа да ја излажат јавноста и досега дека се граѓански сектор, а не слуги на сдсм, така не успеаја да се сокријат од будното око на патриотите кои ја уловија и оваа ситуација во која во елитен хотел добиваат упатства како да делуваат во корист на политиките на СДСМ.