![apsenje-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/apsenje-500.jpg?resize=500%2C338&ssl=1)
Четворица разбојници од Скопје, од кои две момчиња на возраст од дваесет години и двајца малолетници на шестнаесетгодишна возраст добија кривична пријава поради „кражби“ од кои се здобиле со 31.000 денари.
Тие на 7 јуни на улицата Лазар Личеновски во центарот на Скопје, на маж му му пришле од зад грб и почнале да го удираат со тупаници и клоци, го собориле на земја и продолжиле да го удираат. Од џебовите на јакната му ги пронашле и одзеле мобилниот телефон и парите по што побегнале. Украдениот мобилен телефон го продале, а со парите вратиле долг. Втората кражба ја извршиле откако повторно се вратиле на истата улица, на полигонот кај стариот пазар Бувјак, каде на жена која со уште едно лице се движела покрај кејот, од зад грб ја нападнале и ја грабнале чантата и избегале. Од чантата зеле некои предмети и потоа ја фрлиле.
По кратко време, тие биле уапсени од „Алфите“, а предметите од чантата биле пронајдени и и биле вратени на жената.