![ubien-komandant-uck-1 Фатени убијците на командант Шќипоња](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/ubien-komandant-uck-11.jpg?resize=640%2C356&ssl=1)
Обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото каде вчера во престрелка беше убиен четириесет и петгодишниот Џемаил Реџепи, попознат како командант Шќипоња. Убијците на командант Шќипоња во престрелката повредиле уште две лица, на кои им е пружана медицинска помош.
Пронајдено оружјето од кое е пукано
Две лица се уапсени под сомнение дека го сториле убиството, а кај нив било пронајдено и огненото оружје со кое било сторено убиството.
Од Јавното обвинителство информираат дека надлежниот обвинител издал наредби за вршење обдукција, за вештачење на оружјето, на видео записи и траги од местото на настанот.
Повеќе на оваа тема прочитајте на следниот ЛИНК.