Фатиме Фетаи лесно повредена во синоќешната сообраќајка

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населба Топанско Поле.

Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, по што била пуштена на домашно лекување.

-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат oд МВР.