Фатиме Фетаи води политичка борба и кампања

Јавната обвинителка од тимот на Катица Јанева, Фатиме Фетаи наместо правна борба, води политичка борба и кампања. Нејзиното обраќање на прес-конференцијата на СЈО во петокот изобилуваше со политика и политиканство, пишува порталот „Курир“.

datime-post

Порталот пишува дека јавната обвинителка која покажа висок театарски капацитет и чиј настап беше особено иритирачки, сега објавува политички плакати на кои се илустрира како ВМРО-ДПМНЕ тоне, што воопшто нема никаква врска, ниту пак допирна точка со случајот за кој СЈО прибира информации и ги разгледува.

Тие иако немаат ниту покренато обвининение, туку се во фаза на прибирање на информации, влегоа во политичка кампања. Фатиме Фетаи правните аргументи ги заменува со црна политичка кампања, а дел од медиумите веќе пишуваа дека Фетаи јавно се заканува, пишува „Курир“.

По одлуката на Судот да не определи мерка притвор на барањето на СЈО за 8 лица опфатени во нивната истрага, медиумите коментираат дека специјалната обвинителка реши да се стави над Уставот, законите и над Република Македонија и јавно преку нејзиниот фан клуб на социјалната мрежа Фејсбук порача:

fetai-javno-se-zakanuva

„Тие мислат дека преживеале? Многу згрешат само што почнаа да тонат!”

За јавна закана и јавно вршење притисок, малтретирање во вршење служба, казната затвор е од една до 5 години затвор по член 143 до Кривичниот законик. Ако на ова се додаде и незаконско влијание на сведоци, на Фатиме Фетаи и се заканува плус казна затвор од една до 3 години, пишува порталот Медиа.мк.

Фетаи во петокот се дрзна да ги навреди македонските граѓани со изјавата дека таа ќе објаснувала како за мали деца за на сите да им било јасно, со што ја навреди интелигенцијата на граѓаните и ги стави во позиција инфериорно да се чувствуваат.

На истата прес конференција Фетаи изврши груба повреда на законот, прекршувајќи го основното уставно и законско право на пресумпција на невиност. Во стил на класична политичка инквизиција од страна на обвинителката беше посочено дека во рамки на предметот за кој зборуваа се наоѓаат и поранешни министер за внатрешни работи, транспорт и врски и генерален секретар на Владата, со што ги посочија лицата и им пресудија без суд и без постапка.

За скандалозноста на овој противправен потег да биде уште поголема говори и фактот дека за лицата кои беа посочени не постои ни обвинителен акт, туку само барање за истрага на предметот.