Фатмир Лимани на Алфа: Извршителот на мафијата е Груби – шоферот на Али Ахмети е милионер, а живееше во куќа со штала

Направив скрининг на богатството што го имаат луѓето во ДУИ, собрав храброст и ги објавив и вилата на Али Ахмети и куќата на неговиот шофер. Сите знаеме во каква куќа живееше порано неговиот шофер. Беше тип на куќа во два спрата, штала ја викавме порано, две соби горе, две долу, а долу стоеја животните. Сега има вила и огромно дворно место кое го има узурпирано, вели Фатмир Лимани, потпретседател на Движењето Беса во „За или против“ на телевизија Алфа.

Меѓу другото, Лимани истакна дека извршителот на мафијата е министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Артан Груби имаше многу голема садоверба и за време на локалните избори, но во Кичево победија со помош на СДСМ, самодовереба дека ќе победат имаа и во Тетово, но изгубија со пет советнички места разлика. Самодовербата ја базираат на злоупотребените средства, мислат дека со тие пари ќе ги купат граѓаните, но не знаат дека граѓаните сега се на на друго повисоко ниво и парите ти ги зема и гласа против“, додаде Лимани.