Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година

Белата куќа имаше „сериозни разговори“ со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките луѓето што биле вакцинирани против ковид-19 да можат да поминуваат време заедно, откри водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи.

– Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми после една година – изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.

Фаучи, кој е научен советник на Бајден, процени дека ризикот од ковид-19 е драстично намален кај луѓето кои примиле две дози од вакцината, иако, како што вели, тој не исчезнал целосно.

– Конечно ќе почнеме да слушаме луѓе кои велат: „Еј, се повеќе луѓе примија вакцина, сега можам да вечерам со поширокото семејство, луѓе можат да дојдат во мојот дом – додаде Фаучи.