Главниот здравствен советник на Белата куќа, 81-годишниот Ентони Фаули, потврди во понеделникот дека планира да се пензионира до крајот на овој мандат на американскиот претседател Џо Бајден, но и рече дека може да се повлече и многу порано од тоа.
„Не го најавив своето пензионирање, но тоа би можело да се случи кога и да е од овој момент до тогаш. Не знам сѐ уште“, изјавил Фаучи во телефонската изјава за агенцијата Reuters.
Уште кон крајот на ноември минатата 2021 година Фаучи во интервју за Reuters рече дека „ниту приближно не размислува“ за пензионирање.
Фаучи е директор на американскиот Национален институт за алергии и здравствени болести (NIAID) од 1984 година, а во 2020 година стана своевидно заштитно лице на напорите на американската влада да се сузбие пандемијата на коронавирусот.
Но дури и откако ќе ја напушти владината служба, Фаучи вели дека нема намера целосно да се пензионира.
„Ќе продолжам да работам, бидејќи и натаму имам многу енергија и страст кога станува збор за јавното здравје и глобалното јавно здравство“, вели Фаучи.